Врвните играчи се повредуваат пред Светско

Долгите и напорни сезони и несреќните ситуации на теренот го осиромашија Мундијалот кој ќе биде без многу ѕвезди. Дополнителен проблем сега станаа и последните контролни натпревари и тренинзи на кои на повреди се жалат Роналдо и Рибери.

Темата околу повредите е неизбежна на 8 дена пред стартот на Мундијалот пред кој селекторите ги испробуваат последните тактички замисли на пријателски натпревари на кои играат со полни состави. Ова се топ 5 играчи кои сигурно ќе бидат само гледачи ова ова лето.

Радамел Фалкао е дефинитивно еден од најдобрите светски голгетери кои ќе недостасува во Бразил и без кој ќе биде осиромашен нападот на Колумбија. Фудбалерот на Монако се здоби со тешка повреда уште во јануари и тоа не меч против третолигашот Монт. И покрај долгото време за опоравување тој ја загуби трката со времето.

Пријателските натпревари се покажаа како кобни најмногу за италијанскиот репрезентативец Рикардо Монтоливо кој пред само неколку дена на дуелот против Република Ирска ја скрши ногата. Играчот за врска на Милан, освен што испадна од составот на Прандели, нема да може да се врати на терен во следните 6 месеци.

На сличен начин деновиве настрада и ногата на мексиканскиот репрезентативец Луис Монтес по еден дуел со противнички играч на Еквадор. Тој беше стрелец на првиот гол за својата селекција која славеше со 3:1, но за него ќе нема Светско.

Селекцијата на Холандија ќе патува без искусниот Рафаел ван дер Варт кој се повреди за време на еден тренинг на само две недели пред Светското. Проблемот со мускулот не му овозможи на фудбалот на Хамбургер да врзе три Мундијали по ред.

На тренинг се повреди и шпанскиот репрезентативец Тијаго Алкантара, но со тимот на Баерн Минхен во средината од минатиот месец. Лекарите не успеаа да му ја санираат повредата на коленото и тој ќе почека уште четири години за да дебитира на Светските првенства.

Покрај овие познати играчи кои се надеваа дека ќе се закрепнат, а други имаа малерозни подготвителни мечеви, најновите стравувања се појавија за Рибери кој со болки во грбот ќе патува за Бразил. Денеска во шок е и Португалија, затоа што од репрезентацијата потврдија дека Кристијано Роналдо го мачи стара повреда на тетивата.

Проблеми има уште за двајца напаѓачи кои играа во врвна форма во текот на целата сезона. Суарез поради операција сигурно ќе го пропушти првиот меч против Костарика, а целосно незакрепнет во Бразил ќе патува и Диего Коста кој се најде на списокот на Дел Боске, 

4 јуни 2014 - 20:09