ЛШ сезона 2001/2002

Времето кога создававме Википедија во тефтер

Има заразени и заразени луѓе со фудбал, а на овие вториве не им е доволно само да го гледаат. Тие собираат сликички и полнат тефтери, па фиоките денеска им се едно убаво потсетување на детството кога немавме интернет или уште беше на почеток.

Читател ни прати неколку фотки од мобилен со кој го сликал тефтерот кој мајка му не смее да помисли да му го фрли.

Се работи за скапоцено парче хартија за кое вложил голем труд и што е најважно тоа го правел со љубов. Царот уствари ни праќа ретро Википедија од Лига на шампиони сезона 2001/2002 направено со сино и црвено пенкало.

Водел евиденција на сите резултати од прво коло па се до финалето и се разбира ги има и табелите, со таа разлика што тогаш имаше втора групна фаза, еквивалент на денешното осминафинале.

Тоа е сезона кога групи освоија Панатинаикос и Ла Коруња, а учесници беа и Мајорка, Боависта, Нант, Локомотив Москва. Сезона кога за Реал играа Зидан, Раул и Фиго, за Барса Клајверт и Ривалдо, за Лацио Лопез и Креспо, за Манчестер да не зборуваме.

Одиме со ред, како што не води распоредот

Мора да уфрлиме нешто и од нас кое за жал не може да го долови тефтеров, а тоа е нешто од финалето.

Ако имате некоја слична Википедија, пратете ни ја Фејсбук  во инбокс или на tipster@trendolend.mk.

13 август 2019 - 11:23