Вчера шетав крави на ливада, а сега сум тренер на најдобриот тим на светот

Шеесет и едно годишниот нов стратег на Барселона има многу интересно портфолио. Во минатото работел на разни места, а најинтригантно е што бил дури и селектор на репрезентацијата на Русија во фудбал на плажа.

Кике Сетиен и официјално е тренер на Барселона. Потпиша 2,5 годишен договор. Велат дека ова е идеален пар: навивачите се презадоволни што Валверде конечно е отпуштен, и што доаѓа тренер кој ја следи филозофијата на Јохан Кројф со игра со кратки додавања.

На правата прес-конференција Кике Сетиен им се заблагодари на луѓето од Барселона, раскажа за филозофијата на Барселона и генијалноста на Меси.

„Прво, би сакал да им се заблагодарам на Ерик Абидал и Рамон Планес за можноста што ми ја дадоа да бидам овде. Дури и во најлудите сни не би можел да замислам. Ја сум доволно емотивен човек и денешниот ден е многу важен за мене.

Вчера шетав на ливада со кравите на село, а сега работам во Барселона и ги тренирам најдобрите играчи на светот. Тоа е најважното за мене“, искрено раскажа Сетиен на промоцијата во Барса.

Покрај тоа што се прослави како тренер на Бетис со кој ги победуваше и Реал и Барса, плус излезе во Европа, Кике Сетиен во 2005-та година бил и тренер на репрезентацијата на Русија во фудбал на плажа.

„Тој веќе беше специјалист за фудбал на плажа, се занимавал со тоа во Шпанија, а ние само ги направивме првите чекори. Како консултант ни даде добри идеи за развојот на фудбалот на плажа, после што два пати станавме светски шампиони“, рекол поранешниот селектор на Русија Николај Писарев чиј помошник бил Сетиен.

Русите го паметат како многу трпелив и мирен човек. Еднаш 10 часа седел во изолација на аеродром.

„Тргнавме да летаме на собир на Крим, но не обрнавме внимание дека визата на Кике не беше за таму. На враќање назад не го пуштаа туку 10 часа мораше да помине во канцеларијата за административни прашања. Тоа беше пред 15 години, седеше на нашиот аеродром без хирови и после цели 10 часа кажа дека тоа ќе му биде школа за наук“, се сеќава некогашниот селектор на Русија, Писарев.

Во 2006-та Кике Сетиен отишол многу поегзотично, во Екваторијална Гвинеја кај што бил селектор.

15 јануари 2020 - 09:49