Учете странски јазик, да не бидете дрво ко мене

Еден од подобрите фудбалери на лондонски Арсенал, Лукас Тореира признава дека секојдневието му било многу подобро во Италија каде играше за Самдпорија, отколку сега во Англија каде не зборува речиси со никој.

Лукас Тореира е Уругваец, има 23 години и во кариерата досега играл за 18 Јули и Монтевидео Вондерерс во неговата земја, од каде во 2013-та се сели во Италија и доаѓа во младинската екипа на Пескара. Подоцна преминува во Сампдорија каде за три години станува најдобар играч.

Важи за голем борец, остар и груб фудбалер кој владее со средниот ред. Има слични карактеристики на игра како Раџа Наинголан.

За репрезентацијата на Уругвај има 16 настапи и ќе игра сега на Копа Америка 2019 во Бразил.

По фантастичните настапи во Серија А, Арсенал реши да го купи Тореира за околу 26,5 милиони фунти и му го даде бројот 11 на дресот. Но Уругваецот додека се спрема за почеток на Копа Америка, во својата земја дал интервју за Ovacion и рекол:

„Мислам дека нема многу работи во кои уживам во Англија. Стварно е така. Мислам дека беше поубаво во Италија. Англија е скроз различен свет, многу голема земја е. Јазичката бариера ми е најголем проблем, затоа што имам мака да им се обратам на соиграчите и луѓето околу мене. Многу е тешко кога не зборуваш со никого/ Климата е уште еден важен фактор, а во Лондон има помалку сонце отколку кај нас, но тоа е, вели Тореира.

Лукас е многу врзан со Италија, па така веднаш по крајот на сезоната во Премиер лига, тој добил слободен ден да оди до Џенова и да се види со луѓето од својот поранешен клуб Сампдорија. Сега медиумите го селат во Милан каде нов тренер би требало да биде Марко Џампаоло кој му беше шеф во Сампдорија.

13 јуни 2019 - 10:34