Трето мундијалско финале за Франција

Го носеше епитетот финале пред финалето, на терен имаше плејада на ѕвезди кои играат во врвни клубови, а на крај падна само еден гол и тоа од страна на дефанзивец. Самуел Умтити од Барселона им ги сруши соништата на Белгијците кои не стигнаа до своето прво финале во историјата. Имаа јалова иницијатива без шанси, а Куртоа ги спаси од поголем пораз

ФРАНЦИЈА - БЕЛГИЈА 1:0
Умтити 51`

10 јули 2018 - 22:04