Топ 10 фудбалски вести од месец јуни

Ако сте одморале малку од фудбал изминатиот месец или пак сте акале по одмори вон сезона, фрлите едно око на статијатава чисто да бидете во тек што се случуваше. Клаудио Браво ги скроти Европските прваци, Донарума изводи на 18 години, а кај Германците ништо ново.

РЕАЛ МАДРИД ЈА ОСВОИ ЛШ
Тоа што на никој не му успеа во историјата на Лигата на шампионите, Реал Мадрид успеа да го достигне. Го одбрани трофејот во најелитното клупско европско натпреварување откако во финалето во Кардиф на 3 јуни го совлада Јувентус. Два трофеи за Зидан во две години.

РОНАЛДО ЗАТАЈУВАЛ ДАНОК
Шпанските обвинители поднесе обвинение за фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо за даночна измама вредна 14,7 милиони евра од 2011 до 2014 година. Обвинет е дека намерно користел „бизнис-структура“ за криење на одредени приходи.

ДОНАРУМА ГО ОДБИ МИЛАН
Најперспективниот италијански голман кого го сметаат за наследник на Буфон, на 18 години одби годишна плата во Милан од 5 милиони евра. Навивачите го нападнаа, агентот Мино Рајола го обвини клубот за лош третман, а иднината на тинејџерот се уште е неизвесна.

ВО ИРАК ПОВТОРНО СЕ ИГРА ФУДБАЛ
По четири години, ФИФА ја тргна забраната на Ирачката фудбалска федерација за организирање на пријателски фудбалски интернационални натпревари. Суспензијата беше донесена од безбедносни причини. Во Ирак во периодот од април до јуни 2013-та имаше 2500 жртви во бомбашки напади.

АНГЛИЈА СТАНА СВЕТСКИ ФУДБАЛСКИ ШАМПИОН
Фудбалската репрезентација на Англија У-20 го освои светот. Ако не можат сениорите, тука се младите надежи да го обелат образот во земјата која се нема израдувано на континентален успех од 1966-та.

ПОРТУГАЛИЈА СЕ ПОСРАМОТИ ОД БЕЛАТА ТОЧКА
Иако отпатуваа како Европски прваци и тоа во полн состав, фудбалерите на Португалија добија лекција по изведување пенали од Чиле во полуфиналето од Купот на Конфедерации. За Чиле погодија сите тројца, за Португалија никој. За Роналдо немаше можност ниту да шутира. Конечни 3:0 за Чиле.

СПАЛЕТИ ВО ИНТЕР
Поранешниот тренер на Рома, Лучано Спалети стана нов предводник на Интер каде се обврза на две години договор.

БОРУСИЈА ДОРТМУНД ДОБИ НОВ ТРЕНЕР
Петер Бош и официјално е новиот тренер на Борусија Дортмунд кој на кормилото на „Милионерите“ ќе го замени Томас Тухел. Тој го однесе Ајакс во финалето од Лигата на Европа.

РОМА ПОД ВОДСТВО НА ДИ ФРАНЧЕСКО
Замената на Спалети во Рома се вика Еузебио ди Франческо. Се работи за нивен поранешен фудбалер кој го освои Скудетото со Рома во 2001-ва. Претходно го водеше Сасуоло пет сезони и бележеше добри резултати.

ГЕРМАНИЈА ГО ОСВОИ МЛАДИНСКОТО ЕП
Иако не беа сметани за фаворити, Германците го подигнаа пехарот на ЕП У-21 во Полска откако во финалето ја совладаа Шпанија со 1:0. Македонија учествуваше како дебитант, но и покрај тоа не успеа да издвои победао остани добар впечаток.