Суарез го потопи Реал и сите голови ги посвети на фамилијата

Отсуството на најдобриот фудбалер на денешницата Лионел Меси не се почуствува ама баш воопшто на Ел Класико, затоа што Луис Суарез направи шоу со хет-трик и прославите на погодоците.

Луис Суарез не само што идеално одигра на ел класико, туку и идеално ги прослави головите. Секој од трите гола на опасниот центарфор беше посветен на неговите деца.

После вториот гол Саурез истрча кон својата ќеркичка и оваа фотографија можеби ќе биде прогласена за спортска фотографија на годината:

После мечот, неговата ќерка Делфина влезе на теренот да ја прослави победа со татко ѝ Луис:

Една недела пред големото дерби со Реал Мадрид, сопругата на Суарез на свет донела и трето дете - синче кое го крстиле Лаути. На Суарез му било овозможено да скокне неколку тренинзи за да биде со најблиските.

Покрај новороденото бебе, Суарез има ќерка - Делфина која има 8 години и син Бенјамин кој има 5 години.

Луис и сопругата Софија се запознале кога фудбалерот имал 15 години. Свадба направиле во 2009 година. Суарез во својата татковина Уругвај неколку пати раскажувал дека сè што постигнал во животот постигнал благодарение на поддршката на неговата девојка и денес сопруга.

Суарез неверојатно многу е врзан со семејството. За време на Светското првенство во Русија, тој носел ланче на кое имало мала рамка со семејната фотографија. Ликот на сите негови најблиски го носи и на штитниците.

Еден од најдобрите центрфори на денешницата во голем дел од кариерата го прославува секој гол така што го посветува на семејството. Луис ги празнува головита на разни начини - прво го бакнува прстот, потоа домалиот прст каде го има тетовирано името на ќерка си, а потоа три други прсти каде стојат и другите имиња од членовите на семејството. Сега е можно дека ќе бакнува четири прста.

Интересно, Луис Суарез на својата десна дланка рака носи црвена алка (фото долу) која што почнал да ја носи по скршеницата на раката во Ливерпул. А поради тоа што правилата им забранауваат на играчите да ги носат омилените предмети на себе додека се на терен, Луис ја покрива алката со еластична преврска (фото горе).

Приказната за фудбалскиот пат на Луис Суарез и неговата сопруга