Страшна е групата во која можно е да влезе и Македонија на ЕП 2020

Македонската фудбалска репрезентација ги дозна можните противници за следното Европско првенство на кое се разбира ќе учествува ако го освои фајнлфорот во Лига на нации.

За Македонија има две опции, а тоа се Ц групата каде се наоѓаат Холандија, Украина и Австрија со која веќе игравме во редовните квалификации и група Ф која е нечовечка и ултра тешка за нив, а камо ли за нас. Таму се бранителот на титулата Португалија, светскиот првак Франција и Германија. Потешка на биоскоп.

Како што веќе е познато за Македонија да го направи тој историски исчекор потребно е на 26 март на домашен терен да го совлада во полуфиналето на Лига на нации Косово, а потоа во финале подобриот од дуелот Грузија - Белорусија. Тој меч би го играл како гостин.

Во која група потоа ќе биде зависи од Романија која е дел од Лига на нации во А лигата. Ако го победи Исланд и потоа во финале победникот од средбата Бугарија - Унгарија, тогаш тие ќе бидат четвртата селекција во Ц групата со Холандија, Украина и Австрија и Македонија ќе ја пратат во групата на смртта. Во случај да не успее, тогаш ние би ја добиле нивната група која се разбира е полесна.

Револуционерното ЕП 2020 кое одбележува 60 години од своето постоење, ќе се игра од 12 јуни до 12 јуни во 12 градови во 12 држави, а финалето е закажано за на стадионот Вембли во Лондон.

30 ноември 2019 - 19:50