Статистички, Џиџи Буфон е најдобар голман во Европа во моментов

Иако би рекле дека брани против послаби противници, ако Лион и Лил може да се дефинираат како слаби противници, 41-годишниот Џанлуиџи Буфон има статистика подобра дури и во некои негови одлични сезони во минатото. Како е можно и како се мотивира на таа возраст?

Иако одвреме-навреме сезонава Буфон беше втор голман на ПСЖ, а Ареола прв, Италијанецот има неверојатен учинок од 87,5% успешни одбрани и 0,45 примен гол во просек.

Ваквиот учинок го прави Буфон најдобар голман во моментов во Европа: втор зад него е Јан Облак со 78,1% успешни одбрни и 0,71 примен гол по натпревар. Следува Алисон со 77,3% и 0,58 примени голови по натпревар, па Зомер со 77,2% и 1 примен гол во просек и Шчесни со 73,5% и 0,61 примен гол во просек.

За тоа колку добро брани Џиџи говори и фактот што статистички најдобриот голман во Европа лани, Јан Облак имаше 82,8% успешност на голот на Атлетико Мадрид.

Според овој параметар, Буфон беше најдобар во сезоната 2011/2012 со показател 83,3%. Еден Давид Де Хеа една сезона стигнал до 80,4% одбранети удари.

Притоа треба да се земе предвид дека Буфон одигра помалку натпревари од сите останати голмани на листава (само 11 во Лига 1). А да потсетиме дека има 41 година, другите се најмалку 20 години помлади од него.

****

Оние кои би рекле дека ПСЖ е страшна екипа која игра против ривали кои 90 минути се бранат против нив, не би можеле да му противречат на фактот дека и голем дел од бундеслигашите се бранат против Баерн Минхен, но Мануел Ноер е претпоследен голман во лигата по процентот на одбрани во моментов - 56,9%.

Или во сезоната 2016/2017 кога Клаудио Браво како прв голман на Манчестер Сити имаше само 54% одбрани.

Ако се земе предвид и процентот на шутеви кон голот на ПСЖ, тој не е нималку мал во однос на Јувентус, Наполи, Интер, Милан или Вулверхемптон во Англија.

Според InStat, кој ги дели одбраните на удари од далечина, средна далечина и блиско растојаниа, Буфон е единствен голман во топ5 лигите со 100% одбранети удари од непосредна близина на 10+ натпревари сезонава.

****

Ако се споредат 11 натпревари на Буфон со 11 натпревари на репрезентативниот голман Алфонсо Ареола:

Џиџи има 87,5% одбрани наспроти 78,9% на Французинот. Двајцата имаат по 6 средби без примен гол, а Ареола примил 8 гола, Буфон 5 гола. Ареола има само 2 повеќе одбранети удари од далечина (30 наспроти 28 на Џиџи).

Ова се објаснува со фактот дека Џиџоне подобро ја организира одбраната, но и брани против послаби ривали за разлика од Ареола. Ако послаби може да се кажат Лил (прими 2 гола) и Лион (прими 3).

Тренерот Томас Тухел одлучил Буфон Буфон да брани на натпревари каде ПСЖ автоматски има иницијатива без пресинг, а Арелоа на оние каде се игра со повеќе пасови под притисок. Џиџи е поуспешен и во поуспешни додавања (89,3% наспроти 82,6%).

На прашањето како се мотивира уште на 41 година и толку освоени трофеи тој одговорил:

„Ако ме прашаат дали се чувствувам како да имам 35, ќе им одговорам дека се чувствувам многу подобро. Вие ќе кажете дека тоа не е можно, а јас длабоко во душата чувствувам дека сум подобар отколку пред 5-7 години. Не знам зошто но така е.“

За оние кои мислеа дека чичко Џиџи е веќе стар да брани

18 февруари 2019 - 12:17