Што значеше прославата на Роналдо со маската на Дибала?

Пред една недела Пауло Дибала го гледаше мечот од Парма (3:3) од клупата за резерви. Кога Аргентинецот сфатил дека нема шанси да влезе во игра, тој станал и заминал во соблекувална уште пред судиската свирка. Новинарите одма отвориле случај.

Алегри најпрвин рекол дека Дибала просто замрзнал од ладно, но медиумите набрзо пишуваа дека Аргентинецот бил незадоволен. На крај Макс морал да објасни:

„Тој се извини и тоа е правилен потег на умен дечко кој има голема одговорност - бројот 10 и капитенска лента кога Кјелини не е во составот. Тоа беше неумесно поведение и сфатил. Случајот е затворен.“

На прес-конференцијата после Парма, новинарите го прашале Алегри дали Роналдо е една од причините што Дибала добива помалку играчко време:

„Неговата (на Дибала) позиција на теренот се измени, нервозно одговорил Алегри. Се менуваат карактеристиките во игра на тие кои играат заедно. Лани тоа беа Игуаин и Манџукиќ, годинава Роналдо и Манџукиќ. Јас не барам од него да игра крило. Понекогаш барате нешто што не постои. Следниот пат ќе игра или Дибала или Бернардески. Пауло може да стане капитен, но само ако решам да биде на теренот“, рекол Алегри пред Сасуло.

На мечот кој Јувентус го доби погаѓајте кој играше? Бернардески.

Дибала седеше на клупата за резерви до 83’ минута, но се израдува по еден потег од Кристијано Роналдо. Кога Португалецот даде гол (деветти рекорден меч по ред дава гол што не се случило никогаш во Серија А), ја направи познатата маска на Дибала. Тоа е јавен гест на поддршка - Роналдо не сакал Пауло да трпи. Но можно е да е и сигнал: Кристијано да сака почесто да биде со Аргентинецот на теренот.

После мечот Алегри ја спуштил топката и го пофалил Дибала:

„Добро влезе во мечот. Пауло има сосема поинакви карактеристики. Тој ги поврзува линиите, но ако ги пуштиме и него и Роналдо, тогаш ќе изгубиме позиција во шеснаесетникот. Вие може да играте со Роналдо и Дибала (наместо Хрватот), но ќе имате многу пропуштени моменти. Просто погледнете ги бројките: Роналдо 10 гола играше со Бензема и тоа не поради тоа што се страшни играчи двајцата. На Дибала му е нужен Манџукиќ, на Роналдо му е нужен Манџукиќ. Тоа е просто прашање на карактеристики“, констатирал Макс Алегри.

Но главно прашање е дали Кристијано мисли исто.