Што заборавивме за Просинечки

Бари 1991. Италијаните појма немаат што е тоа ужичко коло. Тие во тоа време беа горди на Тото Кутуњо кој една година претходно победи на Евровизија. Муабетот ни е дека во вчерашната статија за Роби не го ставивме ова легендарно парче за гледање каде тој е коловоџа. Панчев не го видовме, но на оро се фатени Дејан Савичевиќ, Илија Најдоски и ред други ликови. Ѕвезда е шампион во Европа, свирачи јуриш среде Италија.

21 јули 2016 - 16:50