Шкотскиот Герет Бејл го држи Лајпциг први врвот

Никој во Бундеслигата не го сака РБ Лајпциг. Тоа знаете. Но дали знаете дека овој тим собра 12 бода на првите шест меча сезонава а главен џокер на тимот е 19-годишниот Оливер Бурк чија асистенција го испровоцира првиот пораз на Борусија Дортмунд.

Оливер Бурк е роден во Кирколди во седмиот ден од четвртиот месец во 1997. година. Кирколди е градче на истокот од Шкотска со околу 50.000 жители кој се наоѓа северно од Единбург. Уште на рана возраст се преселил со мајка му која што е Англичанка во англискиот град Мелтон Мобреј кој е на пола час возење северо-источно од Лестер.

Кога почнале гласините за можниот повик во англиската репрезентација, кај младиот Оливер заиграла гордата шкотска крв и тој останал верен на татковината. „Сакам да играм за Шкотска. Тоа е моја земја, во која се родив и секој пат кога ќе го облечам дресот со тој грб се ежам“, изјавил Бурк пред многу години.

Кога имал 13 години, Бурк тренирал во академијата на Нотингем Форест и тогаш 100 метри трчал за неверојатни 11 секунди. Но после неколку години му се појавиле проблеми со колената и готово бил избркан од младинската школа на Нотингем.

Денес Бурк не се ни сеќава на тие повреди. Неговиот раст од скоро 190 см му овозможува да не биде инфериорен со повисоките стопери а притоа е многу брз. Спортскиот директор на РБ Лајпциг, Ралф Рањик го окарактеризирал габаритот на Бурк како „сила на природата“. Додал дека Шкотланѓанецот има огромен потенацијал и дека неговиот стил на игра е идеален за „биковите“ од Лајпциг.

Освен тоа, за Рањик била важна и филозофијата на Бурк: „Тоа е старо клише’, но тој е апсолутно непогрешлив во начинот на живот. Секој е должен да го третира своето тело како храм. Бурк правилно се храни, правилно вежба и успешно се опоравува“, вели легендарниот „Професор“ Рањик познат по тоа што сите негови екипи биле челично дисциплинирани.

Луѓето од РБ Лајпциг летово за Бурк на Нотингем Форест му платија 13 милиони фунти со што тој не само што стана најскапиот шкотски фудбалер во историјата, туку им зададоа и голем удар на колегите скаути од топ клубовите.

Сите тие скаути внимателно го следеле фудбалерот, особено после неговиот покер (4 гола) на пријателски меч против Бартон Албион во подготовките за новата сезона.

Шпионите на Манчестер, Арсенал, Ливерпул и Баерн Минхен едноставно не успеале да ги оценат сите предности на младиот шкотски фудбалер. А новиот дрзок и богат Лајпциг чијшто сопственик стана гигантот Ред Бул ја искористи приликата и сега е задоволен од својот избор.

Но брзо се јавиле проблеми. Процесот на адаптација на новата земја и друга култура, како и новиот тим му правел потешкотии на Бурк. Според тренерот Ралф Хазенхотл, младиот Шкотланѓанец никогаш претходно не слушнал за работа без топка.

И самиот играч признал дека му недостигаат технички карактеристики: „Кога првпат дојдов во теретана, момците мислеа дека дошол некој од тимот на Нотингем до 16 години. Но кога почнавме да играме помислив: ’Не се давам!’ Сфатив дека квалитетот на фудбалот е на највисоко ниво и дека од секој играч се бара висока техничка подготвеност, затоа што во Бундеслига нема поинаку“.

Во Велика Британија не е така чест случај играчите да го напуштаат островот, така што главно прашање до Бурк од британските новинари било тоа, зошто заминал. Тој дал неочекуван одговор: „Дали се каам што се преселив во Бундеслигата? Не. Апсолутно не, верувам дека Бундеслигата е најдобра лига на светот“.

Оливер Бурк веќе има 6 настапи, 1 гол и 1 асистенција во најголемото изненадување сезонава во Бундеслигата кое што после седум кола не знае за пораз. РБ Лајпциг постигна 12 голови и прими само 5 со што има најдобра одбрана во Германија со Баерн Минхен и Келн. На 29 март годинава Бурке дебитираше и за сениорската репрезентација на Шкотска во победата од 1:0 против Данска. Од тогаш до денес забележа 4 настапи за Шкотска која што во него го гледа својот Герет Бејл кој ќе ги однесе на некое големо натпреварување.