Само напредни и чувствителни навивачи го прават ова

Кога на клубот не му текнува, тогаш навивачите ќе се ангажираат за да испочитуваат една многу добро познава нивна легенда, а покрај тоа ќе смислат уште нешто плус. Првото заслужено, второто многу корисно. Браво.

Се работи за навивачите на Атлетико Мадрид кои изразиле желба да му направат статуа на Луис Арагонес пред стадионот Ванда Метрополитано.

Идејата на навивачката група „Frente Atletico group“ не само што поминала лесно во нивните кулоари, туку ја реализирале во неполн месец.

За 27 дена успеале да соберат 130.000 евра и тоа не е се, туку оној дел кој ќе остане од парите планирано е да го донираат во здружението на градот кое се бори против ракот. Каков потег и првиот, а особено вториот.

Навивачите се разочарани што ова не му текнало на клубот бидејќи се работи за една од најголемите, а ако не и најголема нивна легенда и како играч и како тренер на Атлетико Мадрид.

Луис Арагонес беше играч на Атлетико од 1964-та до 1974-та година со пет освоени трофеи од кои три титули освојувач на шпанското првенство. Тој е најдобар клупски стрелец во историјата со 172 гола.

Јорганџиите ги има тренирано во четири наврати и има освоено Ла Лига, Супер Куп на Шпанија, Интерконтинентален куп и три пати Копа деј Реј.

Посебно го ценат и што клубот се нафати да го тренира во втора лига и за рекордно време го врати во елитата во сезоната 2001/2002.

Токму тогаш му даде шанса на младиот дебитант Фернандо Торес кој велат дека го сметал за свој дедо.

Арагонес има тренирано неколку клубови во Шпанија, а во странство беше само во сезоната 2008/2009 кога кариерата ја заврши во Фенербахче.

Беше четири години селектор на Шпанија со која стана европски првак во 2008-ма, а почина на 1 февруари 2014-та на 75 годишна возраст.

14 август 2019 - 14:40