Роналдо му ја подаде, а овој си ја закопа во гол

Толку е нејасна, несмасна и глупа интервенцијата на голманот на Литванија, што ова по логично е да се запише како негов автогол. 10 пати го изгледавме видеово и не сфативме како една ваква тренинг топка успеа да си ја смести во гол.

Роналдо синоќа бајаги се отвори на гостувањето против Литванија и си замина дома со четири комада, а Португалија со триумф од 1:5 во групата Б.

Одиме прво со ова несфатливо фрлање кое подобро да не го изведеше и да ја оставеше топката која веројатно ќе завршеше во аут.

Другите голови

Со овие четири погодоци Роналдо има 25 и со тоа го надмина рекордот на квалификациски голови на ирскиот репрезентативец Роби Кин кој беше лидер со 23.

Плус си ја прошири и оваа мапа. Литванија е неговата жртвта број 40. Македонија не му лежи.

11 септември 2019 - 12:49