Рома на Твитер за тим на денот го прогласи Осогово

Да не го измислеа Твитерот, во Рома никогаш нема да знаат за Кочани и нивниот македонски третолигаш кој им држи лекции и на прволигашите како се користи оваа социјална мрежа.

За Твитерџијата на Рома знаеме и сме објавувале разно разни лудории, ама дека клуб од македонска трета лига има отворено Твитер со одличен Твитерџија, тоа ни на крај памет.

Твитерџијата на Осогово толку добро го промовира клубот, што пристигна признание и од Рим. Какво признание и каква промоција.

Рома за Осогово твитна:

„Твитер тим на денот е ГФК Осогово, клуб од третата лига во Македонија. Формиран во 1924 година, клубот е од Кочани, град со само 35.000 жители. Еден од најактивните клубови на твитер во Македонија, целта на Осогово е да игра во првата лига до својот 100 роденден“.

Дел од последните Твитови на Осогово:

П.С: И Лион го следи Осогово на Твитер

13 март 2019 - 11:04