Лига на шампиони

ПСЖ ја прекина бајката на Солскјер, Рома со 2-1 оди во Порто

Апсолутна доминација на Килијан Мбапе и компанија на „Олд Трафорд“. Парижаните со една нога се во четвртфинале. Рома на „Олимпико“ на крилата на најмладиот Италијанец кој постигнал два гола во ЛШ го совлада Порто со 2:1.

Осминафинале на Лига на шампиони, резултати:

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД - ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН 0:2 (0:0)
/Кимпембе 53’, Мбапе 61’/

Јунајтед во реваншот ќе игра без Пол Погба кој пред крајот од мечот доби втор жолт и автоматски црвен картон.

РОМА - ПОРТО 2:1 (0:0)
/Ѕаниоло 70’, Ѕаниоло 76’ - Адриан 79’/

12 февруари 2019 - 23:11