Прв клуб кој играше без Европеец во Лига Европа

На мечот од 1. коло на Лига Европа меѓу Викторија Гимараеш и Ред Бул Салцбург ретко кој забележал посебен момент кој стана историски.

Португалскиот клуб Гимараеш заигра во Лига Европа без ниту еден Португалец и воопшто без ниту еден Европеец во составот. Првите 11 против Ред Бул Салцбург беа составени од 4 Бразилци, 2 Колумбијци, и по еден Венецуелец, играч од Брегот на Слонова Коска, Перуанец, Ганец и Уругваец.

На половина час пред крајот од клупата влегол Португалецот Кико Родригез којшто „ја нарушил“ доминацијата на легионери во тимот а после него влегле уште двајца странци - од Бразил и Капе Верде. 20-годишниот талент Кико Родригез бил еден од четворицата локални фудбалери на клупата за резервни играчи заедно со Хелдон од Капе Верде и Миранда од Бразил кои влегоа подоцна.

Натпреварот, одигран на Estádio D. Afonso Henriques пред околу 30.000 гледачи заврши 1-1. Домаќините поведоа со 1-0 во 25’ минута но гостите израмнија на истекот на првиот дел преку Бериша во 45’ минута.

Интересно во стартниот состав на Салцбург имаше само тројца Австријци и дури 17 претставници на различни земји од светот: Косово, Хрватска, Израел, Норвешка, Гана, Бразил, Германија, Замбија и Франција. Покрај тројца Австријци во првиот состав, на клуата имаше четворица од кои еден натурализиран.

Современа Лига на Европа.