Прекинато дербито Фенер - Бешикташ, конци за тренерот Ѓунеш

Разврската во турскиот фудбал никогаш не била понеизвесна. На неколку кола пред крајот четири екипи конкурираат за титулата: Галатасарај е прв со 60 бода, Бешикташ втор со 59 колку што има и третиот Башакшехир. Фенербахче е четврт со 57. Ништо помалку интересно не е ниту во Купот. Во полуфиналето реванш вечерва играа ама не доиграа Фенербахче и Бешикташ.

Најпрвин касапинот Пепе доби директен црвен картон во 30' минута а во 59' минута мечот беше прекинат зошто гостинскиот тренер Шенол Ѓунеш беше погоден со тврд предмет во главата а потоа пак бил удрен во тунелот кон соблекувалните после што му сошиле неколку конци на главата:

Само што се крена и тргна кон соблекувалните, Шенол Ѓунеш пак го погодија со тврд предмет и го раскрварија:

Тепачката во тунелот:

Целиот хаос настанал кога помошникот тренер на Бешикташ Толга Зенгин се спречкал со домашните навивачи:

19 април 2018 - 22:18