Побогу Јуве, што е со црвено-беливе дресови?

Или се многу напред со размислувања, или во трка за освојување на прекуоканскиот пазар малку подзастранија па прават брутални промени на традиционалното.

Управата на Јувентус, поточно спортскиот сектор задолжен за теренот работи перфектно. Дојдоа фантастични засилувања како слободни агенти, а кесата се одврза за најдобриот млад дефанзивец во Европа.

Бјанконерите како да не можат да се помират додека не го кренат вредниот и голем пехар од Лига на шампиони. Се заситија со бескрајната доминација во Италија, па веќе неколку сезони приоритет број 1 им е Европа.

Во таква ситуација трошат многу средства за маркетинг, но и како да сакаат да ги раскинат сите врски со минатото, па откако го сменија грбот во тотално нов изглед, сега промовираа и нови дресови со бои кои ама баш никогаш не биле препознатливо „јувентински“. Црвена и бела.

Сајтот Footyheadlines.com ги објави првите слики од новиот гостински дрес кој Јуве ќе го носи во текот на следнава сезона: бел дрес со црвени бои (спонзорот, грбот и компанијата која им ги произведува дресовите се во црвено, како и ракавите).

19 јули 2019 - 12:07