Пирло се направи статива во диско

Откако собра цела плејада на славни фаци од Серија А, Пирло после прошталниот натпревар со истата банда продолжи во една позната дискотека во Милано каде ја славеа и титулата од Мундијалот во Германија. Ајде да ги видиме во овој спорт колку се мајстори.

Албертини мести текили и дрма една на екс ама без раце, а Пирло се клати и не знае кај тера. На видеово се гледаат и Амброзини, Вентола и Де Роси, а во позадина е Дел Пјеро. Па на толку делење топки, фудбалскиот моцарт заслужи да се опушти, а и да подели и по некоја текила, место топка.

Се разбира тука се и Гатузо и Малдини

Ама многу не интересира каде е и што прави Бобо Виери?

26 мај 2018 - 08:30