Пијана работа, батка

Пред почетокот на пријателската меѓу Германија и Аргентина во Дортмунд, по интонирање на химните играчите застанаа во круг на центарот за да оддадат едноминутен молк во чест на жртвите од терористичкиот напад во Хале. Некој во тој момент ја пеел химната на глас, а некој друг му се издрал: „Halt die Fresse!“ (Затни ја муцката!).

А Серж Гнабри не се воздржа да не се насмее во така незгоден момент:

Мечот заврши 2-2. Германците поведоа со 2-0, па Аргентина во вториот дел израмни.