Одличните партии бајаги го поскапеа Елмас

Ако ние или наполитанските весници на моменти сме пристрасни, тогаш тие кои се најстручни да оценуваат, сигурно не се. Оваа најнова вест дава уште поголема тежина на квалитетите на македонскиот репрезентативец.

Специјализираниот сајт за трансфери во цел свет, Трансфермаркт го стави Елмас во една доста фина листа на фудбалери кои со ова уште повеќе докажуваат колку се добри.

Плејмејкерот на Македонија и Наполи е во друштво на 10 фудбалери од Серија А кои сезонава најмногу си ја качиле цената на пазарот.

Напредокот на Елмас е повеќе од евидентен и значаен и тоа по само 7 изминати кола во Серија А. Пред стартот на сезоната Трансфермаркет го процени на 10, а сега го вреднува дури 17 милиони евра.

Скок од 7 милиони евра имаат и талентите Леао од Милан и Коуаме од Џенова, а во ова друштво има уште двајца клупски колеги на Елмас, Руиз и Ди Лоренцо.

На првата позиција според ова поскапување е Стефано Сенси од Интер за 12 милиони евра.

Со трансферот вреден 16 милиони евра од Фенербахче во Наполи, Елиф Елмас летово стана најскапиот македонски фудбалер во историјата. Уште позначајно е што добива одлична минутажа во еден Наполи предводен од трофејниот и ценет стратег, Карло Анчелоти.

Погледнете го што удар извади денес на тренинг

9 октомври 2019 - 12:56