Михаил Антонио

Од спасител во аквапарк до англиската репрезентација

По ашкањето на позајмици во разни клубови, Антонио дојде во Вест Хем каде за неговата позиција конкурираа шест фудбалери. Во еден момент сите шестмина биле казнети и повредени, и тој доби шанса од Славен Билиќ, ја искористи и доби повик од Биг Сем во Англија.

Ако ви кажат дека некој фудбалер Икс често дава голови после воздушни дуели во Премиер лигата, во која играат Оливие Жиру (традиционално ги тероризира Вест Бромвич и Кристал Палас), Енди Керол и просто Питер Крауч, ќе се замислите кој е тој?

Никој не даде толку голови од почетокот на сезоната како крилото на Вест Хем, Миххаил Антонио - 8 погодоци.

Многу од нас се прашуваат кој е играчот кој во репертоарот на прослави на голови ги има макарена, танцот на Карлтон, херојот на серијата „The Fresh Prince of Bel-Air “ со Вил Смит и други.

Но главниот хит е шоуто во стилот на Хомер Симпсон кој Антонио Миххаил го изведе против Сандерленд. Никој во моментот не сфати (најмногу се изначуди соиграчот Арон Крисвел), додека Антонио не објасни: „Гледав Симпсонови и видов како Хомер го прави тоа. Помислив: ова би можело да биде весело. Го сакам Барт, дури и таква коса имам како него. На крајор на сезоната ќе им нудам на навивачите да гласаат која прослава им била најзабавна“?

Ништо помалку интересни не му се ниту дриблинзите кои не ги смислува однапред. Тој признава: „За секунда откако ќе ја добијам топката, не знам што ќе правам со неа. Но штом не знам јас, ниту бековите не знаат што ќе направам“. 

Овие карактеристики веќе ги видовме од Јаник Боласи, еден од најнеобичните дриблери во Премиер лигата. Фудбалскиот пат на Антонио е многу сличен со тој на Боласи. Играчот од средниот ред на Вест Хем исто така стигнал до професионален фудбал без да ги мине младинските академии. Михаел е малку збунет поради тоа: „Сите тренираа на ист начин и сега сите се однесуваат исто“.

Животот на првиот стрелец во Англија во моментов можел да биде поинаков. На 14 години тој имал понуда од Тотенхем, но пробата кај „Спарс“ ја откажала мајка му. На прво место таа го ставила образованието на синот и не можела да прифати тој секој пат да се враќа дома после 12 часот на полноќ поради патот од Северен Лондон до домот во Југо-западен Лондон. Солзите на малиот не можеле да победат.

На крајот Антонио отишол на колеџ и таму работел како спасител во локалниот аквапарк. Еднаш дури и спасил едно дете, но работата му била напорна: „Ужасно беше. Таму е топло, јас морав да бидам лесно облечен и морав да седам затоа што можеби некому ќе треба помош во секој момент. Малку да влезам во вода, веднаш ќе ме видеа. Досадно беше. Гледав во базенот и во часовникот да видам уште колку време ми остана“.

Оваа работа му носела на Антонио 100 фунти месечно, поради што Михаил морал да бара пари од семејството. Инаку учел за професор по фискултурно.

За извесно време интерес за него покажал Рединг, чии скаути го гледале на турнирите. Набрзо го ангажирале, но Антонио за 4 години на „Мадејски стадионот“ не играл често и го позајмувале во Челтенам, Колчестер, Саутемптон и Шефилд. Живеел по хотели и таму гледал не само минуси (мал кревет и мало плакарче), туку и плусеви во квалитетниот доручек и ручек. Периодите во Саутемптон кај Перјду и Шефилд Вендзеј го направиле подобар играч, а настапите во Нотингем Форест го препорачале во Вест Хем кад стигна во последните минути од преодниот рок 2015-та година.

После тоа Михаил Антонио го снема

Се појави на победничкиот меч против Манчестер Сити и тоа беше се. Беше во резервниот тим на „Чеканите“ и редовно седеше на клупата. До толку заборавиле на него, што газздата на Вест Хем, Дејвид Голд ретвитнал фотографија од потерница по Антонио која што ја постирал некој навивач на Вест Хем.

Ситуацијата се сменила во есента/зимата кога составот на Билиќ бил мала амбуланта со повредени играчи. Михаеил памети дека бил седми избор во средниот ред, но својата шанса ја добил откако шесте играчи пред него биле повредени. Тренерот, навивачите и како и оние кои верувале во Антонио брзо ја виделе неговата реална можност. После неколку настапи забележале дека физички не може да му парира на еден Енер Валенсија кој има широки раменици, но наскоро Антонио почна да дава голови и се скраси во првиот тим.

Нов заплет на „Болеин Граунд“ следувал кога Антонио заиграл пред одбраната, а зад средниот ред. Таквата одлука, тренерот Билиќ ја објасни: „Не го планиравме ова, тоа беше сплет на околности на мечот против Ливерпул. Антонио одигра фантастично и решивме да поразговараме за тоа“.

Хрватот во Михаил видел способен играч за позицијата која ќе ги спојува редовите. Меѓутоа Билиќ брзо ја сменил одлуката затоа што се крена бунт против истата. Неофицијалната кампања за враќање на Антонио во нападот ја подржал и спонзорот на Вест Хем“, Betway. На акаунтот на оваа обложувалница стоеше пост „Против експериментите со Антонио“.

Критиките се оправдаа уште во првото коло со Челси, кога Антонио направи пенал над Аспиликуета и доби жолт картон во вториот дел. За четири минути Билиќ го замени со бекот Бајрем. Во тој момент Михаил делуваше како да му се срушил целиот свет:

Делуваше тажно како сцената со падот на Муфаса во цртаниот филм „Lion King“. Потоа Билиќ откри дека неговата позиција била предмет на сериозни разговори меѓу тренерите на првиот тим. 

Како на сето тоа реагираше самиот играч?

Михаил остана позитивен: „Мислам дека настаните ме подобрија како играч. Сега знам што се очекува во одбраната, каде треба да бидам, а каде не со противничките напаѓачи. Можам да го применам тоа во својата игра, но се надевам дека ќе се вратам на својата матична позиција каде играм цел живот. Ниту во сон не можев да замислам дека ќе играм бек. Во Чемпионшип бев еден од најдобрите и верувам дека можам и во Премиер лигата“, изјави Михаил.

Антонио посебно се израдувал во последниот преоден рок кога Вест Хем потпиша со Алваро Арбелоа кој може да игра и десен бек и стопер. По дуелот со Челси, Антонио заигра на својата природна позиција, даде гол против Манчестер Сити и со своите одлични настапи заработи повик во репрезентацијата на Англија од новиот селектор Сем Олардајс. Кога дознал, мислел дека се шегуваат со него, но така не мислеле и во ФА со официјалниот список на играчи за квалификациите.

Неодамна собирал дресови кои ги менувал со ривалите. На пример ги има од Рос Баркли и Серхио Агуеро, но првиот дрес со „Трите лава“ од гостувањето против Словачка во Братислава (остана на клупата), ќе го задржи за себе.