Некогашниот пијаница и шампион ја спасува Гранада од испаѓање

Шпанската Гранада во Примера е како неодговорен студент кој сака да ги реши испитите. Во последните пет години „Насриди“ редовно се спасуваа од испаѓање во понизок ранг а тенденцијата продолжи и сезонава.

Тешко, вредно и непопустливо магаре - така може да се опише фудбалерот Тони Адамс. Магарето за поранешниот репрезентативец на Англија и повеќекратен шампион на Англија не е навредлива споредба.

„Тоа животно не буди во мене никакви непријатни асоцијации. Напротив, вредно е, упорно и добро. Како мене“, изјавил легендарниот стопер на „Топџиите“ Тони Адамс.

Најголем кривец за овој прекар бил Марко ван Бастен кој кога направил хет-трик на Евро1988 против Англија. На тој меч него го чувал токму Тони Адамс којшто англиските навивачи подоцна од љубов го завикаа магарето.

Во ’90-те години Тони Адамс пател од алкозависност. Страста кон чашата го довела и до затвор кога полицијата го фатила како вози дамла пијан. Четири месеци поминал зад решетки но не го решил проблемот и ситуацијата станувала алармантна. Секојдневно пиел додека може да стои на нозе.

Во 1996 година алкохолизмот за малку не стави крст на неговата кариера. Англискиот стопер јавно зборувал за своите проблеми и на некое време го оставил фудбалот, но помошта од психолог и Арсен Венгер му помогнале да ја победи зависноста. Повеќе од 20 години Тони Адамс беше бедем во одбраната на “Топџиите, стана 4-кратен шампион на Англија, 3-кратен освојувач на ФА Купот и заслужил нов прекар - Мистер Арсенал.

По завршувањето на кариерата Тони решил да се проба во улога на тренер. Во ноември 2003 година го презел Викомб Вондеререс но не успеал да куртили од испаѓање во четвртата англиска лига па дал оставка.

Во летото 2006-та година Тони Адамс стана помошник на Хари Реднап во Портсмут а после пар години го смени на позицијата главен тренер. На новата должност се задржа помалку од пола сезона а за отказот му соопштиле на прослава на 5-от роденден на син му.

Револтиран од таквиот однос во англискиот фудбал, Адамс решава да оди во Азербејџан каде ја тренираше екипата Габала во која беше и спортски директор. Тони редовно зборувал дека најубавиот дел од животот го поминал во Азербејџан кој за него бил мешавина од Дубаи, Москва, Истанбул. Во меѓувреме сакал да работи во Русија но не добил понуда.

Во 2016-та година Тони Адамс стана тренер на младинците на Арсенал до 18 години, но набрзо му стигнала многу богата понуда од кинескиот „Чунчин Лифан“ да биде директор на младинската школа.

Во пролетта 2017-та Тони се врати во Европа, поточно во Гранада каде го поставија за спортски директор но за две недели го промовирале во нов тренер на Гранада. Незгодниот Тони Адамс уште на првата прес-конференција како тренер не оставил рамнодушен никој од присутните новинари:

„Со екипата ќе се борам до крајот додека не ја оствариме целта. Со моите 40 години сум дојдов да им ги испотам задниците на играчите и да победувам на последните седум меча. Сега мислиме само на нив“, рече Адамс како нов тренер на „Насридите“.

Едно е сигурно, играчите ќе гризат кај него ако им се игра

Првиот од седумте меча го заврши неславно (висок пораз од Селта), но ќе има уште шест шанси за поправен испит. Веднаш по назначувањето за тренер, Адамс на проба викнал двајца „безработници и сонародници“ - Киран Ричардсон и Најџел Рео-Кокер. И двајцата на времето беа голема надеж на англискиот фудбал, но денес стојат во некои запуштени прашливи книги во плакарите.

Ричардсон не се снајде во Велика Британија, последно играше во Чемпионшип а Рео-Кокер замина преку океанот - во МЛС. Не дека се којзнае какви засилувања, но на Гранада во моментов во борбата за опстанок и треба кој било нов играч.

Ќе успее ли Тони Адамс да направи чудо и да ја извади Гранада од калта? Малку е веројатно, но едно е сигурно: Магарето ќе ги тера играчите да вложат 100% и повеќе.

20 април 2017 - 15:48