Најавата за доаѓањето на волшебникот на Камп Ноу

Почна во Гремио во 1998-ма, а со професионален фудбал заврши во Флуминенсе во 2015-та. Од тогаш игра на егзибициски и хуманитарни натпревари, а денеска брат му соопшти дека и официјално му става крај на спортот во кој беше крал.

Тешко е да издвои само едно ремек дело или да се состави топ 5 или 10 најдобри голови во кариерата на легендарниот Бразилец кој играше самба со топката. Ние се решивме да издвоиме два, првиот и последниот за Барса кои нема да му ги заборават навивачите.

Роналдињо дебитираше на Камп Ноу со голчиште кое не се повторува. Ја зема топката од својата половина, направи слалом и со бомба од преку 30 метри предизвика земјотрес на трибините. Од тој момент не престана да блеска за Каталонците.

Ѕоф, Јашин, Ѕенга, Тафарел, Паљука, Перуци, Толдо, Дида, Буфон, Донарума, Ван Дер Сар, Кан, Шмајхел, Касиљас. Абе кој и да стоеше меѓу стативите немаше теоретски шанси да му го одбрани овој лудачки удар од деновите кога беше најјак во свет.

Од навивачки агол

Инаку освои

Не се ожени

Сака да се слика само со најдобрите ракометари :)

Најголемиот негов навивач Џовани Токохуа купи 78 дресови од него, а сликата на фејсбук ја постираше Роналдињо.

Последниот гол во дресот на Барселона го постигна на 3 март 2008-ма на гости против Атлетико Мадрид. Нема потреба од дополнителни објаснувања.

17 јануари 2018 - 10:21