На тренерот на Челси му се пали цигара, му се плаче, ама забрането е

Кариерата на харизматичниот Маурицио Сари во Англија започна не баш едноставно. За него велат дека тој не пуши само кога спие.

На дебитантскиот меч неговиот Челси без никакви шанси загуби од Манчестер Сити во англискиот Супер Куп со 0:2. Притоа трансфер преодниот рок се затвора за 4 дена, а неколку топ-играчи на Челси уште не се сигурни дека ќе останат.

Плус не се стишуваат гласините за спремноста на Роман Абрамовиќ да ги продаде акциите на лондонскиот клуб.

Како капак на сè, Сари го сработи мечот со Манчестер Сити без саканите цигари: на „Вембли“ строго е забрането пушење, па дури и во внатрешните ходници, канцеларии и тоалети.

„Пушењето на нашиот стадион е строго забрането, како и на сите стадиони во топ лигите. Вие може да пушите надвор од стадионот или пред него, но само што ќе ја пројдете контролата и ќе се најдете внатре, забрането е внесување цигари. На трибините и во подтрибинскиот простор има редари кои може да ве избркаат од стадионот. Во тоалетите подобро да не ризикувате зошто има детектори на дим“, вели еден од вработените во стадионот.

Каде отиде Сари кој е способен да испуши 10 цигари во едно полувреме? Тој тренинзите ги водел со шолја кафе еспресо и цигара во рака:

 

АНГЛИЈА - ЕДНА ОД ЗЕМЈИТЕ СО НАЈМАЛ БРОЈ НА ПУШАЧИ ВО СВЕТОТ

Денес во Велика Британија пушат цигари помалку од 17% од населението постаро од 15 години (во Русија на пример пушат 59% од населението, а во Италија на тренерот Сари околу 28,3% од населението).

Таквите одлични цифри се гордост на локалните борци против пушењето кои за две децении дури двојно го намалиле бројот на пушачи. Во ’90-те години на островот пушеле околу 30% од населението.

До овие бројки Британците стигнале благодарение на една од најскапите анти-тобако кампањи на светот:

- Сериозно повишување на акцизите. Уште во 2005 година кутија цигари (20 цигари) можеле да се купат за 4,82 фунти (околу 250 денари), а до 2017-та година цената страшно скокнала до 9,91 фунти (околу 677 денари).

- Забраната на рекламирање цигари стапила на сила во 2005 година.

- Жестока забрана за пушење на јавни места: од 2007 година строго е забрането пушење во пабови и ресторани, во такси превоз и во јавен тренспорт (вклучувајќи ги железничките станици и автобуските постојки).

Стадионите во Велика Британија исто се сметаат за јавен простор на кој е строго забрането да се пуши: забраните важат за Премиер лигата, за Лига 1 и Лига 2. Во ниските дивизии правилата велат дека гледачите може да пушат на трибините но само ако над нив нема кров.

Со растот на популарноста на електронските цигари, забраната ги опфатила и нив: Манчестер Сити лишил од сезонска ВИП карта свој навивач затоа што пушел во зона каде не смеел.

Само еден клуб во највисоките лиги на Англија не настапува категорично против пушењето. Тоа е Барнли на чиј стадион во 2013 година отвориле специјална зона за пушење електронски цигари.

Навивачите признаваат дека после 10 години веќе се навикнале на забраната. Навивач на Манчестер Сити, Џорџ пред да влезе на „Вембли“ запалил цигара и знаел дека во следните 3 часа можеби нема да запали цигара.

„Пушам повеќе од 30 години, но додека трае фудбалскиот меч немам проблем. Колку повеќе се нервираш, толку повеќе пушиш. Знам дека има луѓе кои цело време одат по аглите на подтрибинскиот простор, но сметам дека е подобро да го дочекаш крајот на мечот и да запалиш, а не како ученик да ги кршиш правилата“.

КОИ ДРУГИ ТРЕНЕРИ ПУШАТ?

Маурицио Сари важи за најстраствениот пушач меѓу тренерите. Тој еднаш изјавил дека понекогаш стигнувал и до пет кутии на ден, и дека му било тешко да се навикне на забраните.

Тренерите се задржуваат на стадионот повеќе од навивачите: говор во соблекувална, самиот меч и прес-конференција после натпреварот. Така паузата без цигара достигнува 4-5 часа. За страствен пушач како Маурицио Сари, особено по стресен меч, тоа е сериозен проблем.

Но тој не е единствениот тренер кој многу пуши. Меѓу Италијанците има многу страствени вљубеници во тутунот. Со цигара редовно ги ловат Липи и Анчелоти. На Карло додека беше тренер на Баерн Минхен, му забранил да пуши во базата на клубот.

Легендарниот Јохан Кројф пушел по 20 цигари дневно. Тој палел дури и во клупскиот автобус кога оделе на гостување.

„Боемот“ Зденек Земан признал дека пушел повеќе и од Маурицио Сари на времето. Активен пушач бил и аргентинскиот тренер Рикардо Ла Волпе кој го водеше Мексико на Светското 2006 каде добил предупредување од ФИФА за палење цигари за време на натпреварите.

Тој одговорил дека попрво ќе го напушти фудбалот отколку цигарите. Јоаким Лев еднаш пушел цигари на полувремето па на критиките одговорил: „Тоа е мое лично дело: знам да запалам цигара или да испијам шише вино за вечера. Во тоа нема ништо лошо“.

Во Турција опомени добивал и Славен Билиќ кој пушел под трибините.

Во Англија и покрај строгите забрани, Сем Алардајс кој на времето пушел додека седел на клупата, се одвикнал од цигари, а Јирген Клоп пар пати го фатиле со цигара во базата на Ливерпул.

И ШТО ЌЕ ПРАВИ СЕГА САРИ?

Во Британија забраната за пушење на јавен простор прв ја скршил Кит Ричардс: гитаристот на Rolling Stones запалил на сцена во време на својот лондонски концерт но не го казниле. Инцидентот брзо го прокоментирале локалните власти: „Пушење на сцена е дозволено таму каде што нема да ги загрозува непушачите“.

Фудбалот не е рок-ен-рол, но во Челси летово нашле решение. Недалеку од соблекувалните на „Стемфорд Бриџ“ отвориле мала просторија каде тренерот ќе може да пали цигари.

Така постапиле и неколку други клубови во кои Сари порано гостувал со Наполи. Во февруари годинава Лајпциг соопшти дека за Маурицио Сари ќе направи специјално собче во соблекувалните, а Наполи морал да плати за тоа.

На „Вембли“ во неделата таква соба Сари не нашол, но решение на проблемот има. За разлика од навивачите кои не смеат да го напуштат стадионот за време на мечот, акредитираните лица (новинари, тренери, менаџери, фоторепортери) смеат.

Од соблекувалните до излезот од стадионот кај клупските автобуси имало 50-ина метри така што Сари можел да излезе на улица пред мечот или пред прес-конференцијата.