На Црвена звезда ѝ се запали автобусот додека славеше титула

На белградските „црвено-бели“ им преседна славјето откако по прекумерна употреба на пиротехника во отворениот автобус направија голем пожар.

Откако сите други клубови во српската лига го одиграа последното коло во четврток, Црвена звезда барала дозвола да игра во сабота за да ја прослави титулата по градските улици вечерта со своите навивачи.

По славјето на стадионот „Рајко Митиќ“ каде го победија Вождовац со 5-1, фудбалерите на Црвена звезда со отворен туристички автобус позајмен од градската управа излегле на улиците на Белград да прослават со своите навивачи.

Шампионската рута требала да оди преку Храмот Свети Сава и да стигне до тврдината Калемегдан но наеднаш прекинала поради тоа што избил голем пожар во автобусот - причина за тоа бил огромниот број бакљи кои играчите ги палеле внатре во него.

Повредени немало, сите играчи на време го напуштиле автобусот во пламен и решиле да го прекинат славјето па се вратиле на стадионот. Дел од нив продолжиле до крајната дестинација додека пожарникарите се бореле да го згаснат големиот пожар.

Како изгледаше прославата на шампионската титула на стадионот:

 

20 мај 2018 - 11:10