Мегаломанот Пеп vs скромниот Покетино

Марка веќе направи математика колку пари фукнал Гвардиола за засилувања откако ја напуштил Барселона. Со ова темпо уште летово може да стигне до милијарда евра, а нема стигнато до полуфинале во ЛШ, а не па да ја освои.

Шпанскиот стратег изминативе шест сезони откако замина од Камп Ноу освои вкупно 11 трофеи од кои седум со Баерн и четири со Сити и тоа е за почит, ама за Лига на шампиони мечтае од 2011-та кога ја освои втората како тренер на Барселона. Првата му е во 2009-та.

Марка му изброи дека во изминативе шест сезони ниту со 800 милиони евра за засилувања не успеал да стигне ниту до полуфинале во елитното натпреварување.

Баерн за да ги задоволи апетитите на Гвардиола му донел играчи во вредност од околу 200 милиони евра, а ви Сити се опрчиле уште 600.

Точно е дека со Баерн доминираше во сите три сезони во Бундеслигата и плус им донесе Супер Куп на Европа и Светска титула, но во ЛШ не успеа.

Со Манчестер Сити пак во првата сезона испадна од Монако уште во осминафинале, лани во четвртфинале од Ливерпул, а синоќа од Тотенхем.

Вака стојат работите со него

А волку троши неговиот колега од Премиер лига од кој синоќа претрпе шокантна елиминација

Кога сабајлево Пеп побарал пари од шеикот за нови засилувања

18 април 2019 - 13:02