Македонецот од Шведска кој важи за бисер на Аталанта

Дејан Кулушевски е роден на 25 април 2000-та година во Стокхолм. Нашата федерација имаше неколку обиди да го привлече да заигра за Македонија (му пратиле потпишан дрес од Пандев), тој во 2016-та настапи за репрезентацијата U-16, но подоцна решил да го носи дресот на Шведска.

Од матичниот клуб Бромапокрајна, во август 2015 потпишал со Аталанта каде денес игра во младинскиот тим. Тој одвреме-навреме е на клупата за резерви на првиот тим кај тренерот Гасперини. Денес даде гол за 2-0 против младинците на Торино:

Кулушевски, кој игра во средниот ред, има неколку натпревари за Шведска U16 U17, U18 и U19, така што сè уште има можност тој еден ден да заигра со Алиоски, Несторовски и компанија.