Кристијано Роналдо се расплака на сред интервју

Британскиот новинар Пирс Морган му правеше интервју на Португалецот на кое му покажа снимка од татко му како зборува за својот син во пресрет на ЕП 2004. Снимка која го погоди Роналдо бидејќи никогаш не ја видел.

„Никогаш досега го немам видено ова видео. Станав број 1 во светот на фудбалот, но татко ми никогаш не го виде тоа. Не виде како ги примам наградите. Мајка ми го виде, браќата исто така, па дури и мојот постар син, но татко ми не виде ништо од тоа“, рече Роналдо

Таткото на Роналдо Жозе Динис Авеиро почина на 6 септември 2005-та на 52 годишна возраст поради проблеми со алкохол.

Кристијано тогаш имаше 20 години и настапуваше за Манчестер Јунајтед, но сè уште немаше освоено трофеј ниту во Премиер лига, ниту во Лига на шампиони која ја освои во сезоната 2007/2008. Потоа следуваше и неговиот мега трансфер во Реал Мадрид и сите негови успеси.

16 септември 2019 - 09:36