Колку царски потег на Покетино со измената на Кејн

Тотенхем очекувано мина како на тренинг во 1/32 финалето од ФА Купот и тоа со втор состав, а аргентинскиот стратег одржа лекција по респект и кон противникот и кон навивачите. Стварно џентлменски потег.

Лондончани се пласираа во 1/16 финалето на најстарото фудбалско натпреварување откако славеа на гостувањето против Транмере со убедливи 0:7.

Маурицио Покетино на терен излезе со втор тим, а меѓу резервистите ги пушти Деле Али, Сон и Мура. Откако стигнаа до 0:6, во 75 минута направи неочекувана измена. Излезе Љоренте, влезе Хари Кејн.

Сите беа збунка, а гол машинеријата ги постави конечни 0:7. Навивачите на Тотенхем беа во грч да не им се повреди нивната најголема ѕвезда, но Покетино вака го објасни потегот после мечот.

„Одлуката беше донесена од почит, почит кон противникот и кон сите луѓе кои платија пари за да го гледаат овој меч. Транмере е тим од пониските дивизии и луѓето овде нема да имаат многу шанси во живот да го видат Хари Кејн како игра. Знам дека Хари е великан на англискиот фудбал и сакав да им ја дадам таа можност. Убаво беше за сите тие луѓе да го видат, но и за противниците да знаат дека одиграле петнаесетина минути против Кејн“, изјави Покетино.

Инаку Транмере е дел од четвртата англиска лига која во билтен ја знаете како Лига 2, а Тотенхем во следно коло се среќава со Кристал Палас.

8 јануари 2019 - 10:25