Кога Ибрахимовиќ му предложил кладба на Лукаку

Во прилично долго интервју за Газета дело Спорт, Златан Ибрахимовиќ меѓудругото раскажал и една анегдота за Лукаку.

Ибра ги предупредил луѓето од Интер да „не очекуваат којзнае каква техника од Ромелу Лукаку“, а на Белгиецот со потекло од Конго му понудил кладба:

„Во Манчестер Јунајтед еднаш му реков: 'Ќе ти дадам 50 фунти за секој прв прием на топка што ќе го направиш успешно. А тој одговори: 'Што ако победам и ги примам сите успешно'? -Ништо, му реков, просто ќе станеш подобар фудбалер. Како што се сеќавам, никогаш не ја прифати кладбата! Можеби зошто се плашеше дека ќе изгуби.

Шегата на страна, Лукаку ја имаа онаа лудачка глад за да се докаже на светот и сигурен сум дека ќе успее и во Интер“, рекол Ибрахимовиќ за својот некогашен соиграч кој летово од Манчестер премина во Интер.

19 октомври 2019 - 15:17