Кога Чави и Пујол дебитирале за прв тим кај тренерот Мурињо

Од денешна перспектива звучи просто неверојатно како Португалецот бил тој кој ги пуштил младинците на Барса „во оган“, а еден гол на нивното деби им дал Тито Виланова кој подоцна стана и тренер на гигантот од Каталонија.

Во Каталонија неколку години се играл пријателски турнир Копа Каталонија. Како што објаснува и самиот назив, учество земале локалните клубови меѓу кои и гигантот Барселона. Секако, на првиот тим на клубот овој турнир не му бил привлечен и интересен, па на тие натпревари тренерите обично пуштале резервисти: најчесто главните ѕвезди останувале на клупа, а стартувале млади играчи.

На 24 март 1998 година во полуфиналето на Копа Каталонија, Барса играла против Леида на гости. Холанѓанецот на клупата на Барселона, Луј ван Гал, како што обично бидува за вакви ревијални натпревари, му ја доверил должноста на својот помошник, 35-годишниот Жозе Мурињо.

Заедно со Мурињо за овој меч тргнале и младинците од академијата: меѓу нив биле и фудбалерите кои скоро потпишале прв професионален договор - 19-годишниот Карлес Пујол и 18-годишниот Чави Ернандез.

Чави само неколку дена тренирал со првиот тим, но Жозе решил да го пушти и него и Пујол од почеток. На Чави му го дале дресот со број 4 којшто на големите натпреварувања го носел Пеп Гвардиола.

Барса славела 2:1 а двата гола ги дал Жофре Матеу. Погодок за домаќините дал, замислете, Тито Виланова и тоа од индиректен удар (да, Виланова, кој подоцна стана тренер на Барселона). Индирект бил досуден откако Виктор Баија ја фатил топката со рака по додавање од Пујол:

Се испоставило дека првиот гол кој Мурињо го примил во тренерската кариера, бил од Виланова. Необично за време на мечот никој не сфатил дека Мурињо ја водел екипата според официјалните состави, затоа што и Ван Гал бил присутен тука.

„Денес на терен излегоа играчи кои ретко добиваат шанса да играат, но игравме професионално и победивме. По доаѓањето на Ван Гал во клубот, работата со младите е на повисоко ниво, па логично беше да им се даде шанса на овој натпревар“, рекол Мурињо.

Финалето на Копа Каталуња се играло во јуни. Барса изгубила на пенали од некој клуб Европа. Пујол на тој меч не играл, а Чави влегол од клупата во 66 минута. И се испоставило дека Чави го промашил клучниот пенал за Барселона:

Но тоа го направило уште подобар играч. Во август истата година, влегол на терен на официјален меч и го постигнал единствениот гол против Мајорка кога Барса била поразена 2:1.