Клоп му се извини на преведувачот

Иако беше апсолутно во право за замерката (многу преведувачи не познаваат фудбалска/спортска терминологија па буквално преведуваат на прес-конференциите), Јирген Клоп како прав џентлмен му се извини на преведувачот за тоа што јавно пред сите отворено го критикуваше пред мечот Салцбург - Ливерпул кој заврши 0:2.

„Извини, испаднав идиот“.

„Пред да почнам, би сакал да се извинам за тоа што се случи вчера. Знам дека не беше пристојно и уште повеќе се случи јавно. Не ми се допадна начинот на кој бев преведен, но мојата реакција беше апсолутно глупава. Требаше да се понесам подобро и жалам. Добро.“

Еве како изгледаше пресот на кој Клоп му се пушти на преведувачот пред мечот.