Клоп му го лапна хонорарот на преведувачот

Обично е цар, односно секогаш е цар на прес конференциите. Можеби денеска во пресрт на гостувањето против Салцбург не ги насмеа новинарите толку многу, ама затоа пак беше оригинален и му даде до знаење на преведувачот дека не си ја врши работата како што треба, па за момент го замени.

Клоп го прекина преведувачот откако му стана јасно дека погрешно го интерпретира Џордан Хендерсон и ако не интервенираше, во јавност ќе излезеше погрешна изјава на фудбалерот на Ливерпул во стил дека вечерва ќе им биде лесно против Салцбург. Го прекина, го исправи и му рече точно да преведува за да не продолжи тој место него.

Ама затоа викендов.

10 декември 2019 - 12:09