Како растеше, а до каде стигна

За импресивниот начин на игра во среден ред каде царува со топката, секогаш има логично решение и преглед на играта како да е со очи на газот, веќе е повеќе од јасно. Секој што не знае какво детство имал, мора да прочита. Одиме накусо, со неколку факти за Лука Модриќ кои мора да се знаат.

- Бил принуден да се крие како дете и покрај тоа што не правел ништо лошо.

- Детството му било трауматично, а го поминал во бегство од куршуми.

- За време на војната во Хрватска го убиле дедо му, а семејната куќа им била уништена од бомби.

- Токму неговиот дедо си играл со топка со него додека бил дете.

- Токму неговиот дедо му ја подарил првата топка.

- Целиот свој гнев Лука го истурал играјќи со топката.

- Го етикетирале како проблематично дете кое постојано си играло со топка и ја уништувало секоја мета пред себе.

- Лука не можел да најде мир во детството.

- Но тој ветил дека ќе стане најголем, а синоќа стигна потврдата.

- За прв пат во историјата, хрватски фудбалер ја освои Златната топка.

- Веројатно јасно е на кого ќе му ја посвети.

- И не само тоа. Тој стана прв фудбалер во историјата кој успеа да ги обедини сите четири најпрестижни индивидуални признанија во една година: Најдобар играч на СП 2018, најдобар играч според УЕФА, најдобар играч според ФИФА И Златна топка.

4 декември 2018 - 09:57