Како мислиш Бенфика тепаше 10-0?

Вторпат во оваа деценија се случува на еден фудбалски натпревар една екипа да победи со 10-0. Во сезоната 2010/2011 ПСВ Ајндховен со таков резултат го прегази лутиот ривал Феенорд, а синоќа Бенфика 10 пати броеше против Насионал. Во Португалија одново ќе има интересна трка за титулата затоа што Порто е прв со само 1 бод повеќе од Бенфика која има 50 и 2 бода повеќе од Брага која има 49.

Синоќа Бенфика со 10-0 го „изгази“ Насионал. Најдобриот стрелец на Бенфика, Харис Сеферовиќ даде 2 гола, толку даде и Жонас. По еден постигнаа Грималдо, Жоао Феликс, Пици, Феро, Рубен Дијас и Рафа:

Уште еден fun fact: Жонас со број 10 го постигна 10 гол на мечот на денот на роденденот на легендарната 10-ка на Бенфика, Чалана.

11 февруари 2019 - 09:38