Како луѓето задолжени за хаваријата во Чернобил играле фудбал на пауза

Во најтешка можна ситуација кога животот го ставаат на ризик, со цел да спасат што може да се спаси, херојските „чистачи“ на последиците од Чернобилската катастрофа, во паузата меѓу напорната работа наоѓале време да поиграат партија фудбал.

Фотографии на Анатолиј Кочетов - Фудбал во Припјат, 1987 година.

****

ФУДБАЛОТ ВО ПРИПЈАТ

Припјат е град на северот од Украина, изграден и основан во 1970-та година како место за живот на многу работници во една од најголемите атомски електростаници во Европа.

Под силни убедувања од експертите и научниците на терен, властите едвај решаваат да го евакуираат целото население од градот Припјат на 27 април 1986 година, на само неколку часа по страшната хаварија во Чернобил, кој се наоѓа на само 21 километар од Припјат.

Во моментот на евакуација, во Припјат имало 47,5 илјади жители. Денес градот е пуст. Напуштени се училиштата, болниците, продавниците, парковите, киното, домот на култура, како и стадионот.

Припјат во последно време е популарен за туристи кои доаѓаат по светски познатата серија на HBO „Чернобил“.

Стадионот „Авангард“ во Припјат со капацитет од 5.000 места (кадар од филмот „Распад“ на М. Беликов)

Инаку официјалното отворање на новиот стадион „Авангард“ во Припјат било планирано за 1. мај 1986 година, но катастрофата во Чернобил се случила само 5 дена претходно и овој стадион, како и целиот град, останал пуст.

Градскиот стадион „Авангард“ во Припјат денес

Во Припјат имало и фудбалски клуб „Строител“ (на украински Будивелник Припјат). Сите играчи и тренери биле вработени во Чернобилската нуклеарна централа. Клубот Строител од Припјат не бил професионален фудбалски клуб, но големи биле шансите тие да стекнат професионален статус да не била катастрофата.

Строител три пати станал шампион на Киевската област во 1981-ва, 1982-ра и 1983-та. Во 1979-та година играле во финалето на Купот на Киевската област.

Клубот бил близу пласман во втората лига на првенството на СССР. Во 1985-та година Припјат освоил 20 бода (14 меча, 8 победи, 4 нерешени и 2 порази) и завршил на второто место, со 4 бода зад лидерот Нефтјаник од Ахтирк кој обезбедил пласман во втората лига следната сезона.

На 27 април 1986 година (на 26-ти се случува трагедијата), во Припјат Строител требал да игра против Машиностроител од местото Бородјанка. Но гостите не дошле затоа што им кажале дека „немаат потреба“ да одат во Припјат баш сега.

После хаваријата во Чернобил, Строител одиграл уште неколку меча а тимот бил распуштен во 1988 година. Фудбалскиот клуб згаснал. Меѓу познатите фудбалери и тренери кои ја почнале кариерата во Строител се Станислав Гончаренко, Анатолиј Шепел, Александар Вишневски и Валентин Литвин.

19 јуни 2019 - 11:55