Како голманот на Англија се спрема за пенал

Џордан Пикфорд беше едно од најголемите изненадувања на Светското во Русија. Овој млад голман на Евертон го зацементира местото на голот на Англија и тешко дека некој брзо ќе го смени. На пријателската против САД на која Вејн Руни се прости од репрезентацијата (120 настапи), Пикфорд пиеше вода од шише на кое си напишал (или му напишале) кој од Американците каде обично шутира пенал.