Кајл Вокер застана на голот на Сити и влезе во јак голмански филм

Врвни сцени имаше синоќа во Лига на шампиони на мечот Аталанта - Манчестер Сити. Во 81-ма минута Клаудио Браво доби црвен, а Пеп не можеше да стави друг голман бидејќи имаше направено три измени. 

Затоа тука беше бекот Вокер кој ги облече ракавиците и повеќе од 10 минути беше Џиџи Буфон на голот на Сити.

Прво како знаеше и умееше одбрани слободен удар

И сега пазете го ова. Парада како старци кога се мајтапат на ревијални мечеви.

Најважно од сè е што не прими гол и Манчестер Сити не загуби. Во Бергамо заврши 1:1.

7 ноември 2019 - 09:37