Каде се и што прават Светските шампиони на Франција 1998

Подигнувањето на Златниот пехар на Французите беше и еден вид потсетување на Мундијалот пред 20 години, кога легендарната генерација предводена од велемајсторот ЗиЗу за прв го достигна тронот. И тогаш имаа страшен состав, а Дешамп држеше среден ред.

Зинедин Зидан беше мозокот на таа репрезентација кој од фудбалот правеше уметност кога ќе му дадат топка. Тогашниот член на Јувентус во финалето против Бразил постигна два гола со глава, а беше и меѓу стрелците во пенал серијата против Италија во четвртфинале.
 
 
Легендарната 10-ка од Јувентус направи трансфер во Реал Мадрид, а потоа на Бернабеу имаше две и пол годишен тренерски престој од соништата. Им донесе три титули во Лига на шампиони по ред.
 
 
Дидие Дешамп ја носеше капитенската летна и беше задолжен за дефанзивни задачи во среден ред. И тој беше тогаш член на Јуве, кариерата ја заврши во Валенсија три години по Мундијалот.
 
 
Тренерската кариера ја почна во Монако кој го однесе во финале на ЛШ, а потоа ги водеше Јувентус и Марсеј. На селекторската фотеља е од 2012-та и во неделата стана трет човек во историјата кој успеал и како играч и селекторт да стане Светски првак.
 
 
Лилиан Турам важеше за столб на одбраната на Франција кој тогаш го носеше дресот на Парма. Постигна два гола на тоа Светско и тоа и двата во полуфинале против Хрватска. На доделувањето на Златна топка заврши на трета позиција.
 
 
Кариерата ја продолжи во Јувентус и Барселона, а за Франција стана рекордер со 142 настапи. Откако се повлече од фудбалот, тој е во постојана борба против расизмот.
 
 
Тиери Анри играше за Монако, а Мундијалот го заврши како најдобар стрелец со три гола.
 
 
Французинот стана еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата откако потпиша за Арсенал, а потоа заигра за Барселона и Њујорк Ред Булс. Прво беше ангажиран како тв стручно лице, а потоа стана асистент тренер за Белгија, која иронично загуби во полуфиналето на СП 2018 токму од Франција.
 
 
Емануел Петит играше во среден ред, а потоа беа клупски колеги со Анри во Арсенал. Даде два гола од кои едниот во финале за 3:0.
 
 
Тој сега работи како амбасадор за спортската обложувалница и веб сајт Paddy Power, како и за Светското првенство за бездомници.
 
 
Фабијан Бартез беше еден од симболите на таа генерација кој тогаш бранеше за Монако. Ја доби наградата за најдобар голман на Мундијалот.
 
 
Славниот ќелавко потоа направи трансфер во Манчестер Јунајтед, а откако се повлече од фудбалот во 2007-ма почна да се занимава со мотоциклизам.
 
 
Покрај Турам, играчот кој тешко се минуваше во одбрана беше и Марсел Десаи кој тогаш беше член на Милан и ставен во ФИФА Ол Стар тимот.
 
 
Десаи една година по Мундијалот се пресели во Челси, а откако во 2006-та се пензионираше почна да работи како тв стручно лице. За Мундијалот во Русија пишуваше колумни за Гардијан.
 
 
Напаѓачкото дуо на Монако и Франција во тоа време го сочинуваа Анри и Трезеге. Давид тогаш имаше 21 година и постигна гол на вториот меч од групната фаза.
 
 
Две години подоцна постигна златен гол во финалето на ЕП 2000 со што и ја донесе титулата на Франција. Кариерата ја продолжи во Јувентус каде го ангажираа и како амбасадор.
 
 
Дел од силниот бедем во одбраната на Франција со Турам и Десаи, беше и Лорен Блан кој постигна гол против Парагвај во групна фаза.
 
 
Играчката кариера ја заврши во Манчестер Јунајтед во 2003-та, а тренерската ја почна во Бордо. Откако две години беше предводник на Франција негов наследник стана Дешамп, а три години работеше и како тренер на ПСЖ.
 
 
Лизаразу ја држеше левата бековска позиција и тогаш беше член на Баерн Минхен. Даде гол на вториот меч во групна фаза.
 
 
Откако се пензионираше на Алијанц арена во 2006-та почна да се занимава со сурфање и бразилско џиу џицу.
 
 
Кристофер Дугари беше напаѓал на Марсеј кој го постигна првиот гол за Франција на тоа Светско.
 
 
Сега работи како тв стручно лице.
 
 
Познато име на Франција беше и Јури Џоркаев кој беше член на Интер и кој го постигна последниот гол за својот тим во групна фаза.
 
 
Кариерата ја заврши во МЛС во 2005-та, а потоа остана во Њујорк и отвори фондација.

Средниот ред на таа златна француска генерација не можеше да се замисли без Патрик Виера.
 
 
Тој беше капитен на легедарниот состав на Арсенал кој ја освои титулата без пораз во 2004-та. Се пензионираше како играч во 2011-та, а следна сезона ќе ја води Ница.
 
 
Еме Жаке ја водеше Франција пет години. Прво беше асистент тренер, а потоа селектор.
 
 
По освојувањето на Мундијалот ја напушта селекторската функција, а сега има 76 години и е пензионер.
 
Во тој состав беа уште и Стефан Гиварш, Кристијан Карембе, Франк Лебев, Винсент Кандела, Роберт Пирес, Лионел Шарбоние, Ален Богосиан, Бернанд Диомеде и Бернанд Лама.
19 јули 2018 - 14:21