Изненадувањето во соблекувална после кое Бенфика славеше против Спортинг

Во големото дерби на португалскиот фудбал, Бенфика на гости со 2:4 го потопи Спортинг Лисабон. Ваквата претстава на „орлите“ се должи и на убавата мотивација што ја имале пред мечот во соблекувалните, од најблиските.

Овие два тима во среда вечер ќе го одиграат и првиот меч од полуфиналето на португалскиот Куп. Домаќин е Бенфика, а ќе има и реванш. Другиот полуфинален пар го сочинуваат Порто и Брага. 

5 февруари 2019 - 18:42