Иван Тричковски со хет-трик го води кипарски АЕК во плејоф на ЛЕ

Македонскиот репрезентативец летово игра во животна форма. Откако постигна гол на гостувањето на неговиот АЕК Ларнака против Штурм, вечерва во реваншот на Кипар даде три гола и го однесе својот тим во плејофот за пласман во Лига Европа.

АЕК победи 5-0 и со вкупен резултат 7-1 оди во последната рунда пред групната фаза.

Со денешните три гола, Тричковски во квалификациите за Лига Европа сега има вкупно шест погодоци. АЕК Ларнака во плејофот ќе игра против словачки Тренчин.

Иве го отвори резултатот во 8’ минута откако на маестрален начин го дрибна гостинскиот голман:

Во второто полувреме Тричковски погоди во 67’ и 80’ минута: