Италијанциве на допинг да не се? 9:1 тепаа

Иако имаа 9 од 9 во квалификациската група за ЕП 2020 и веќе немаа никакви мотиви за игра, сепак ги најдоа и решија да здробат сè до крај, односно да го завршат циклусот со 10 од 10. Не сме гледале волку моќна и ефикасна Италија до сега.

Италијанската фудбалска репрезетација се налути и стана немилосрдна откако крахираше на мундијалските квалификации и го скокна светското во Русија.

Вечерва кој го следеше нивниот меч против Ерменија, гледаше секој напад гол, особено во второ полувреме во кое паднаа вкупно 6 или 5 комада за само 9 минути.

Посрамениот гостин беше Ерменија кој си замина дома попарен и понижен со пораз од 9:1.

Ова е втората нивна највисока победа во историјата. Првата им датира од 1928-ма кога на Олимписки игри го совладале Египет со 11:3. Инаку 9 гола и дале уште на две селекции: Франција 9:4 (1920-та) и САД 9:0 (1948-ма)

Роберто Манчини стана првиот селектор на Италија со 11 победи во низа. Претходниот рекорд го држеше Виторио Поцо кој пред 80 години остварил 9 по ред. На 19 меча откако е на кормилото има вкупно 13 победи.

Италијанците на овие квалификации остварија неверојатен скор од 37 дадени и само 4 примени гола на 10 средби. Каква доминација.

1:0, Имобиле 8 мин

2:0, Ѕаниоло 9 мин

3:0, Барела 29 мин

4:0, Имобиле 33 мин

5:0, Ѕаниоло 64 мин

6:0, Ромањоли 72 мин

7:0, Жоржињо 75 мин

8:0, Орсолини 77 мин

8:1, Бабајан 79 мин

9:1, Киеза 81 мин

18 ноември 2019 - 22:35