Историски факти за Шеки кои мора да се знаат

За југословенската фудбалска икона родена во Штип, има многу што да се раскажува. Мајсторот со топка го достигнал врвот ама и дното во кариерата за која е снимен филм, а правел и многу срчки и на терен и во кафана. Уругвајците го носеле како херој на рамења, а Белграѓани знаеле и да го свират. Разочарувањата во животот му влијаеле до помисла за самоубиство.

1. КАКО ПОЧНА

На 12 години почнал да ја шутира топката во паркот во близина на Политика и Радио Белград. За школо не го бивало многу, бидејќи фудбалот му бил главна преокупација. Талентот му го забележал поранешниот фудбалер и тренер Димитрије Милојевиќ во дворот на втората машка гимназија.

2. ЦРВЕНА ЅВЕЗДА

За црвено-белите дебитирал на 6 март 1955-та и до 6 јуни 1966-та одиграл 375 натпревари и постигнал 119 голови. Има освоено пет првенствени титули во Југославија (1956, 1957, 1959, 1960 и 1964) и еден Куп во финале против Партизан.

3. РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

На 17 години играл за младинска, а на 18 за сениорската репрезентација на Југославија. Важел за еден од најспектакуларните играчи после втората светска војна и бил извонреден техничар и многу популарен во јавноста поради атрактивните дриблинзи. Има 41 меч и 6 голови за Југославија.

4. ВТОРА ЅВЕЗДИНА ЅВЕЗДА

Прогласен е за втора Ѕвезда на Ѕвезда, одма после Рајко Митиќ и цел живот останал врзан за клубот од Белград.

5. МОМЕНТИ ЗА НЕЗАБОРАВ

Во спомен на љубителите на фудбалот и спортските историчари посебно место имаат оние 5:0 против Англија во Белград кои им го нанел заедно со Милош Милутиновиќ и Тодор Веселиновиќ. Шекуларац бил брилијантен и на СП 1962 во Чиле каде бил избран во тимот на светот.

6. ИСТОРИСКИ МОМЕНТ

Во клучниот меч во борба за втората позиција во групата на Мундијалот во Чиле, се случило нешто што никогаш не се случило во фудбалот. Шекуралац бил толку добар на мечот Југославија – Уругвај 3:1, по што Уругвајците го носеле на рамења. Каква чест и признание од страна на противникот кој испадна во групна фаза.

На 21:35

7. ПРЕКИН НА КАРИЕРАТА

Првата голема казна му се случила во 1960-та година кога го санкционирале со 18 месечна суспензија, поради тоа што му ја скршил ногата на Кемал Џемиџиќ во Сараево.

8. МОМЕНТОТ КОЈ МУ ЈА УНИШТИЛ КАРИЕРАТА

Само месец дека после Мундијалот во Чиле каде благодарение на Шеки, Југославија го освоија четвртото место, Црвена Ѕвезда играла првенствен меч против Раднички Ниш. Една неправедна судиска одлука го испровоцирала големиот ас да замавне накај судијата. Тој ја промашил целта, но Политика објавила слика како го Шекуларац “го удира“ судијата, доволно за да добие нови 18 месеци суспензија.

9.ТРАНСФЕРОТ ВО ЈУВЕ

Државата била таа која го сопрела да не оди во Италија, односно комунистичкиот режим кој одлучил да остане и да ја забавува Југославија.

10. ОД ОЧАЈ ИГРАЛ ХОКЕЈ

Шекуларац бил револтиран од одлуката на тогашната власт да не го пушти миленикот на навивачите на Ѕвезда во Јувентус и поради тоа замавнал накај судијата на мечот против Раднички.

11. НАМЕСТО ВО ТОРИНО, ЗАМИНАЛ ВО ВОЈСКА

Војска служел во Билеќа после СП 1962. Важел за примерен војник, но ја скршил ногата и кариерата му била практично завршена на 27 години.

12. САМ СЕБЕ СЕ ИСКЛУЧИЛ

На 14 март 1965-та на мечот против Железничар огорчен од судиска одлука, го натепал бекот Јовановиќ и сам го напуштил теренот.

13. СВИРЕЖИ НА МАРАКАНА

Фудбалскиот мајстор и тоа го доживеал, а тоа се првите свирежи пред немилосрдната публика која најмногу го сакаше. Тоа се случило во 1966-та, после простувањето со националниот дрес на меч против Бугарија.

14. ТЕПАЧКА И АПСЕЊЕ ВО БУДВА

Откако келнер го испровоцирал и одбил да му го врати кусурот, се случил нов инцидент по кој новините пишувале дека Шекуларац го допрел дното.

15. СООБРАЌАЈКА

Во 1972-ра имал сообраќајна несреќа по која имале многу компликации.

16. ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ЅВЕЗДА И ОДЗЕМАЊЕ НА ПАСОШОТ

Иако потоа ќе се утврди дека е неоправдано, обвинет е дека играл за четнички клубови во Канада и поради тоа кренале раце од него.

17. ОБИД ЗА САМОУБИСТВО

По сите немили настапи, Шекуларац признал дека сака да крене раце од сам себе.

18.ТРАНСФЕР ЗА 100 ФРАНЦИ

Во 1975-та година заминал во Париз за да игра за фабрички клуб.

19. ФУНКЦИИ

Во периодот 1989-1991 бил тренер на Црвена Ѕвезда, потоа спортски директор во Обилиќ 2002-ра, а во 2005-та со голем успех го предводил тимот Бели Орли од Торонто.

20. ШЕКИ СНИМА, ПАЗИ СЕ

Во 1962 година за него е снимен филм комедија „Шеки снима, пази се“. Тој е главен лик во филмот, а направен е во време кога го достигнал врвот во популарноста и како и еден од првите примери на селебрити во Југославија.

8 јануари 2019 - 15:16