Има и фудбалер што седи во канцеларија и работи со биткоини

Го паметите ли Велшанецот Робсон-Кану кој ѝ даде луд гол на Белгија во четвртфиналето на Европското 2016? Епа дечкото работи како крт на мобилни апликации и работи со блокчејн и криптовалути.

Во Велс тој меч со Белгија пред две години го викаат најдобар во историјата на репрезентацијата, а Робсон-Кану го викаат херој. Тој сега игра во Вест Бромвич во Чемпионшип, но фудбалот не му е единствената професија.

Томас (неговото право име) е претприемач и еден од основачите на платформата Sports Ledger која работи на блокчеин. Блокчеин е столбот на Bitcoin и повеќе други дигитални валути и функционира како отворено достапна книга која транспарентно ги документира сите извршени трансакции.

НА ПОЧЕТОК РОБСОН-КАНУ НЕ ГО СФАЌАЛ БЛОКЧЕИН ЗА СЕРИОЗНА РАБОТА

Томас учел во школото Twyford Church of England во западен Лондон со акцент на музички предмети и странски јазици. Но него го привлекло нешто друго: „Многу мои другари програмираа и ги интересираа технологии. Во таков свет растев и јас“.

На 16 години Томас успешно положил испит и се стекнал со сертификат од средното образование GCSE. „Имам активен ум. Што и да фатев лесно изучував, го разбирав и одев до крај“, вели центарфорот Робсон-Кану.

Во 2010 година кога наполнил 21 година другарите почнале да му раскажуваат за биткоини и блокчеин а тој во тој период веќе три пати играл за младинската репрезентација на Англија, дебитирал за сениорите на Велс и станал првотимец во Рединг.

„На почеток не го сфаќам сериозно тоа, немаше некоја подлога а во позадина во контекст на блокчејн пишуваа дека е незаконски, нелегално, го поврзуваа со наркотици и со нешто опасно. И две години заборавив на тоа. А потоа почна пак да расте цената од 10-15 долари за еден до 40 долари (во февруари 2013 еден биткоин вредел 30 долари а после неколку недели се качил до 266 долари). Бев заинтригиран и почнав да гледам подалеку: ја прочитав книгата на Сатоси Накамото (анонимен основач на првата криптовалута), се зачленив на форуми каде зборуваа за блокчејн. Пробав да се пробијам“, се сеќава одличниот центарфор.

НЕГОВАТА ПРИМЕНА ПОМАГА И ЗА ПРОГНОЗИРАЊЕ НА ИСХОДИ ОД НАТПРЕВАРИТЕ

Робсон-Кану многу читал за криптовалутите: освоил „Интернет пари“ признание од биткоин-проповедникот Андреас Антонопулос, ја простудирал работата на Виталик Бутерин (руско-канадски прогамер, основач на Ethereum - платформа за создавање на децентрализирани онлајн-сервиси на база на блокчејн) и Чарли Ли, основач на криптовалута LiteCoin.

Велшкиот репрезентативец сфатил дека системот е неизмерно перспективен и дека наскоро ќе стане толку распространет како и самиот интернет. „Вредноста на биткоинот ќе се зголеми за 100 пати“, рекол во интервју за Wales Online.

Во 2016 Робсон-Кану заедно со брат му Дејвид, со вработениот во нивната фирма Божидар Ијачиќ и германскиот блокчејн експерт Фабијан Кипенберг создале мобилна апликација Sports Ledger - платформа која дава анализа на уникатни информации за спортистите кои порано не било слободно достапни.

Оваа приказна е сосема невообичаена за фудбалер и е права реткост. После тренинзите со Вест Бромвич кои му завршуваат попладне, тој оди во Лондон кај семејстото (2,5 часа возење), а потоа оди во канцеларијата на Sports Ledger во реонот Чизик. Таму се задржува до 21:00 а во последно време и подолго.