Хакан Шуќур вози такси во Вашингтон, не смее да се врати дома

Стрелецот на најбрзиот гол во историјата на Светските првенства, бронзен медал од Мундијалот во Кореа и Јапонија, најдобар турски голгетер на сите времиња, врвен шпиц кој се прослави во Галатасарај и Интер, денес продава книги и вози такси.

Од миленик на турската нација и пратеник во турскиот парламент, до човек кој денес е далеку од дома. А можеше да има нормален живот како многу други негови колеги и да го задржи богатството кое фудбалот му го подари.

Во разговор за германски Welt am Sonntag Шуќур се исповеда за неговиот животен пат во кој ги поминал сите три стадиуми на Данте Алигиери.

Некогашниот „Бик од Босфорот“ како што го викаа во Италија каде играше за Интер откако стана икона во неговиот Галатасарај, по крајот на трофејната кариера, реши да ѝ се посвети на политиката.

Но истата го чинела и го чини многу скапо. Не може да се врати во Турција од каде што е протеран. Не може да најде ниту лесно нова работа.

„Немам веќе ништо на светов. Ердоган (турскиот претседател Реџеп Тајип) ми зема сè, слободата, правото на говор, економската сигурност“, вели Шуќур кој играше и во финалето на Куп на УЕФА со неговиот Галатасарај.

А ако се знае дека неговата политчка кариера почнала туку од АКП, партијата на актуелниот турски претседател преку која беше избран во Парламентот. На почеток цветале рози, ама после...

„Партијата ме покани да станам член за да ја искористат мојата слава. После почнаа проблемите“.

Во 2013 година дава оставка од партијата и од пратеничката функција поради тоа што не се сложувал со политиките на владеачката гарнитура и поради некаков корупциски скандал. Му се расипал драстично и односот со најјакиот човек во Турција. И преку ноќ животот му се сменил.

Најголема цена на почеток плаќало семејството:

„Фрлаа камења и кршеа излози во дуќанот на жена ми, им се закануваа на моите деца на улица“, вели Шуќур кој денес вози Убер во Вашингтон.

Во таква ситуација најпаметно било да ги спакува куферите макар по цена да оди далеку од своите родители:

„Кога заминав го уапсија татко ми. И сè што имав ми конфискуваа“.

Татко му поради тешко боледување во моментов е во домашен притвор, затоа што и тој е обвинет за шурување со Ѓулен (верскиот водич и жестока опозиција на Ердоган).

„Многу тежок период е и за моите, имаат економски проблеми“.

Во 2016 година Шуќур се нашол на црната листа луѓе кои наводно го спремале државниот удар во Турција („обвинение за тероризам и криминално здружување“) кој брзо беше задушен од турските власти.

Кога собрал пари да се пресели во Америка и таму да почне нов живот, не му било нималку лесно.

„Имав пекара, но доаѓаа чудни лица и пуштаа турска националистичка музика“.

Легендарниот шпиц кој е најдобар стрелец во историјата на Галатасарај раскажал и за некој дечко кој направил селфи со него:

„Кога се вратил во Турција му ја нашле фотографијата во телефонот и го пикнале во затвор“.

И покрај сè низ што поминува, Шуќур има порака до турскиот претседател:

„Мора да стане претседател од кој Турција има потреба. Да се врати демократијата, да се врати правдата и човековите права“.

Во меѓувреме нема ништо со фудбалот. Работи „нормална“ работа во еден нормален живот но...