Господин Алекс Фергусон во едно извонредно хумано издание

Го знаеме како страшно добар учител за фудбал, тактичар, врвен стратег со милион трофеи сите со еден клуб. Човек кој практично направи легенди за кои се зборува со години. Познат е и по својата строгост, ама за гестови како овој не сме знаеле баш или па можеби ги правел често, ама не се фалел.

Стариот лисец не се пофали ниту за оваа сторија, туку ја открил новинарот Џереми Клеј и тоа директно од личноста која доби и добивала неверојатна помош од Ферги.

Се вика Алис, има 93 години и таа е најстарата навивачка на Манчестер Јунајтед која има сезонски билет.

Старката не живее во Манчестер, туку во Лестер каде често се јавувала во канцеларијата на еден весник со барање почесто да пишуваат приказни за Манчестер Јунајтед.

Што било работата?

Сер Алекс Фергусон и праќал мини бус на Алис да ја собира во Лестер и да ја носи во Манчестер, ама не еднаш, туку царот го правел тоа на секој меч додека бил на клупата на Јунајтед.

Приказната со Алис не завршува тука. Фергусон дознал дека таа не може повеќе да оди на стадион, бидејќи и слабеел видот. Чаре?

Се понудил да и плати операција на очите. Ете, тоа е Ферги, каков што не сме го знаеле.

Инаку Лестер и Манчестер се оддалечени околу 180 км.

8 ноември 2019 - 10:27