Голманот на Монако е херој со три одбранети и еден постигнат пенал

По бедните резултати во домашното првенство и грчевитата битка за опстанок, на Тиери Анри конечно да му тргне нешто од рака. Неговиот тим се пласираше во полуфиналето од Лига Купот благодарение на едно лудо младо голманче.

Монако во четвртфинале во Лига Куп се сретна со Рен, меч кој заврши 1:1. Потоа следуваше долго и мачно изведување на пенали кое траеше дури 11 серии.

Херој на крај излезе 20 годишниот голман на Кнезовите, Лоик Бадијашил кој не само што одбрани три пенали, туку успеа да го даде последниот.

голманот од спротивниот табор прво го утна цел гол, а потоа Лоик го совлада за конечни 8:7. Каков јунак.

Последниот пенал

Хајлатс и сите пенали

Мора да го видите и дриблингот на Бен Арфа

На другите четвртфинални средби Стразбур го елиминираше Лион, Бордо го мина Ле Авр, а Генгамп направија сензација во Париз.

Домаќините со голот на Нејмар поведоа во 62-та минута, но за гостите имаше вкупно три пенали. Еден утнаа, но ги погодија оние на во 81-ва и 93-та минута. Херој на таа средба беше син му на Турам кој ги постави конечните 1:2.

10 јануари 2019 - 09:36