Голема почит - Сане не го славеше голот против клубот во кој порасна

Парите и славата некогаш не се пресудни во изградба на карактерот. И покрај тоа што во моментов важи за еден од најплатените фудбалери и најголеми таленти во Европа, Лерој Сане не заборавил од каде потекнува.

Го познавате ли малиот Сане на фотографијава долу? Тука има 11 години и игра во академијата на Шалке. Малиот Лерој во системот на клубот од Гелзенкирхен дошол во 2005 година, стигнал до првиот тим, таму одиграл три сезони (11 гола и 6 асистенции) и во август 2016 премина во Манчестер Сити за 40 милиони фунти.

Германскиот репрезентативец кој игра неверојатно во Сити, синоќа се врати во Гелзенкирхен за првпат по заминувањето во Манчестер. Интересно, ниту тие го заборавиле, ниту тој нив.

Лерој синоќа не го почна мечот од старт, влезе во 78’ минута и буквално за 7 минути стана играч на натпреварот со еден потег.

При резултат 2-1 за Шалке, Сити беше со фудбалер помалку по исклучувањето на Отаменди. Кога добија еден слободен удар, Сане реши да ја земе топката и да го постигне можеби најубавиот гол досега во Лига на шампиони сезонава:

Во ситуација кога секој би полудел од среќа и би славел еуфорично со соиграчите, Сане ги воздржа емоциите и не се радуваше на голот против неговиот матичен клуб:

По крајот од мечот кој Сити го доби со 2:3 во самиот финиш, Лерој долго време не го напуштал теренот, се поздравувал со домашните навивачи а го подарил и дресот на една девојка:

„Мене многу ми значеше овој натпревар. Жал ми е за Шалке, атмосферата на стадионот беше просто неверојатна. Шалке беше добар, нам тешко ни одеше да ја пробиеме нивната одбрана. Но на крајот успеавме и постигнавме три гола на гости. Тоа е најважно“, изјавил Лерој после натпреварот.

21 февруари 2019 - 09:14